• среда, 17 јули 2024

Директорот на БЈБ Тасевски се сретна со генерал-полковник Скумас

Директорот на БЈБ Тасевски се сретна со генерал-полковник Скумас
Скопје, 28 јули 2022 (МИА) - Делегација од Бирото за јавна безбедност предводена од директорот Сашо Тасевски денеска оствари работна посета на седиштето на полицијата на Грција во Атина, при што беше остварена работна средба со неговиот колега, полицискиот генерал-полковник Константинос Скумас. - Посетата од двете стани беше оценета како значен момент по кој се очекува интензивирање на соработката помеѓу полициите, што ќе придонесе за зајакнување на безбедноста како на нашите соседни земји, така и на регионот. На средбата двете делегации разговараа за проблемите со кои се соочуваат полициските служби, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка, со особен осврт на борбата против организираниот криминал, меѓународните потерници, прекуграничната соработка и сите видови на криминал кои преставуваат закана за двете земји, соопшти МВР. На крајот од средбата двајцата директори изразиле заеднички став дека силно ја подржуваат соработката помеѓу полициите на двете држави, и дека оваа практика на  меѓусебни средби за унапредување на соработката ќе продолжи и во иднина, како голем чекор напред кон обезбедување на безбедноста во државите и ќе биде основа за зајакната соработка во борбата против сите видови на криминал. свс/нд/

Остани поврзан