• сабота, 23 ноември 2024

Директорката на ММФ Кристалина Георгиева ќе пристигне во Кина на 24 март

Директорката на ММФ Кристалина Георгиева ќе пристигне во Кина на 24 март

Вашингтон, 18 март 2023 (МИА) - Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева ќе пристигне во Кина на 24 март, каде ќе престојува до 30 март.

Георгиева ќе одржи говор на Кинескиот развоен форум (ЦДФ) во Пекинг на 26 март и на Форумот Боао за Азија во градот Шенжен во јужната кинеска провинција Хаинан на 30 март.

Покрај оваа програма, шефицата на ММФ ќе има и бројни билатерални средби со локални претставници.

Како што наведуваат странските агенции, Георгиева врши притисок врз Кина да го намали долгот кон земјите во тешка економска ситуација на кои Пекинг им позајми пари. Кина одобри посебни финансиски гаранции за задолжената Шри Ланка, но не е сигурно дека истото ќе го направи и за други задолжени земји. паг/

 

Остани поврзан