• недела, 22 декември 2024

Директорката на Комисијата за верски заедници на средба со претседателот на Еврејската заедница во земјава

Директорката на Комисијата за верски заедници на средба со претседателот на Еврејската заедница во земјава

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) -  Во рамки на средбите со верските заедници, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска денеска имала средба со претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Пепо Леви.

КОВЗРГ во соопштение наведува дека соработката со Еврејската заедница „продолжува со ист интензитет и желба за продлабочување во повеќе домени“ и дека претседателот на Еврејската заедница Леви најавил идни можни соработки и  иницијативи за организација на заеднички настани и проекти.

-Еврејската заедница е важен чинител во верскиот живот на Македонија и негува многу добри односи со останатите верски заедници и нивните лидери. Мирот, толеранцијата и меѓусебното разбирање се приоритет на сите нас, затоа главната заложба на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е да ги поврзува и сплотува сите верски заедници притоа почитувајќи ги сите законски права и одредби, стои во соопштението на Комисијата. хс/сст/

Фото: Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи 
 

 

Остани поврзан