• понеделник, 12 јануари 2026

Честитка по повод Божик од директорката на Комисијата за односи меѓу заедниците Трајковска

Честитка по повод Божик од директорката на Комисијата за односи меѓу заедниците Трајковска

Скопје, 6 јануари 2026 (МИА) - Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото раѓање - Божик.

- Дозволете ми да ви го честитам торжествениот празник на Рождеството Христово – Божиќ, додека трепетот на молитвата кон Пресвета Дева се издигнува и душата со радост воскликнува. Богомладенецот прима човечка природа за личносно да заедничари со човека, давајќи му исполнение, обожение и восовршение. Луѓе, да го славиме Бога преку човекољубие. Молитвено ви посакувам крепко здравје и радост објавувајќи ја радосната вест: Христос се роди, наведува таа во честитката по повод Божик. бд/ев/

Фото: КОВЗРГ

Остани поврзан