• петок, 20 декември 2024

Дипломатскиот клуб по поздравува именувањето на Радмила Шеќеринска за заменик-генерален секретар на НАТО

Дипломатскиот клуб по поздравува именувањето на Радмила Шеќеринска  за заменик-генерален секретар на НАТО

Скопје, 20 ноември 2024

Дипломатскиот клуб – Скопје со големо задоволство ја прими веста од Брисел за именувањето на Радмила Шеќеринска за заменик-Генерален секретар на НАТО и ја користи оваа пригода на г-ѓа Шеќеринска да и упати најискрени честитки и да и посака успешен и плодотворен мандат во овие турбулентни и предизвикувачки времиња на светската геополитичка сцена.

Именувањето на г-ѓа Шеќеринска на оваа престижна и одговорна функција претставува признание за нејзината висока професионалност и неуморна посветеност во извршувањето на бројните функции коишто ги имаше на домашен и меѓународен план. Воедно, ова именување претставува и потврда на активниот дипломатски ангажман на членката на НАТО Северна Македонија во меѓународните односи и меѓународниот углед стекнат низ бурните 33 години од нејзината независност.

Дипломатскиот клуб е цврсто убеден дека г-ѓа Шеќеринска успешно ќе одговори на задачите коишто произлегуваат од оваа функција и на најдобар можен начин ќе ги промовира вредностите и целите на Алијансата и нејзините земји членки во зачувувањето на мирот, безбедноста и стабилноста во Европа и пошироко во светот.

Дипломатски клуб

Скопје

Република Северна Македонија

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан