• петок, 22 ноември 2024

Дипломати на западни земји ќе се сретнат викендот во Данска на преговори за Украина

Дипломати на западни земји ќе се сретнат викендот во Данска на преговори за Украина

Копенхаген, 22 јуни 2023 (МИА) - Данска викендов ќе биде домаќин на состанок на кој ќе учествуваат советниците за национална безбедност на западните земји кои ја поддржуваат Украина и земјите кои одбија да ја осудат руската инвазија, соопштија денеска официјални лица.
САД ќе го испратат советникот за национална безбедност Џек Саливан и потсекретарот за политички прашања на Стејт департментот Викторија Нуланд на состанок во Копенхаген, што ќе се фокусира на постигнување праведен мир во Украина, изјави западен функционер кој сакаше да остане анонимен.

Индија, Бразил и Јужна Африка, кои одбија да ја осудат инвазијата и да се приклучат на западните санкции кон Москва, исто така беа поканети на разговорите, според официјалниот претставник, но тој не можеше да прецизира кои земји ќе присуствуваат.

Данските власти денеска не одговорија на барањата за коментар, но министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен претходно изјави дека Данска е подготвена да биде домаќин на разговорите за тоа како да се стави крај на војната.

Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, кои заедно со Русија ја формираат групата на земји во развој БРИКС, зазедоа неутрална позиција во конфликтот и повикаа на мировни преговори меѓу Русија и Украина. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан