• петок, 05 декември 2025

Димчо Атанасовски: Заедно за развој и посветла иднина на Македонска Каменица

Димчо Атанасовски: Заедно за развој и посветла иднина на Македонска Каменица

Македонска Каменица, 17 октомври 2025 (МИА) – Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, денеска се обрати пред сограѓаните со повик за масовно излегување на локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври.

-Срцето на Македонска Каменица е во секој од вас. Заедно можеме да продолжиме да градиме општина во која секој ќе има можности и сигурност, истакна Атанасовски во своето обраќање.

Тој нагласи дека животот не е секогаш лесен, но со заедничка посветеност и труд се создаваат услови секое семејство да се чувствува сигурно, а секој граѓанин да гледа перспектива за подобар живот во својата родна општина.

-Ова е патот на развојот и просперитетот, кој само обединети можеме да го продолжиме. Патот на сигурност, развој и достоинство за сите нас, додаде Атанасовски, повикувајќи ги граѓаните да го заокружат бројот 9 на изборите.

Атанасовски, исто така, ја истакна соработката со Гоце Стоиловски, носител на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ, со цел продолжување на започнатите проекти, создавање нови работни места и подобрување на животот за секое семејство во општината.

-Само заедно и обединети можеме уште повеќе – повеќе проекти, повеќе работни места и повеќе подобрувања за секој дел од нашиот град. Вашата доверба и поддршка се нашата најголема сила“, заклучи Атанасовски.вс/ар
Фото:Принтскрин Димчо Атанасовски кандидат за градоначалник 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан