• сабота, 16 ноември 2024

Димовски: Народот постави прашања на кои очекува одговори

Димовски: Народот постави прашања на кои очекува одговори
Скопје, 8 јуни 2021  Став на Љупчо Димовски од СПМ Како поминува времето така и нервозата кај власта сè повеќе се зголемува. Дотолку повеќе што по вчерашното објавување на последните анкетни резултати за расположението на граѓаните и веќе сосема извесно слободниот пад на рејтингот на СДСМ се надоврза денешниот протест организиран од Коалицијата "Обнова на Македонија" и македонските граѓаните. Самата обмисленост на мирниот протест, реализиран со блокади низ десетина македонски градови, присуството на граѓаните, но и рабирањето, сталоженоста и смиреноста на оние кои беа засегнати од блокадите, создаваат дополнителен мотив за сите нас следните денови со целото човечко достоинство да не има што повеќе. Потребно е уште само малку да се отфрлат прангите на стравот, нашата македонска гордост уште повеќе да ја поттикне храброста затоа што македонскиот народ е суверен во сопствената Држава, Република Македонија Народот има право да ја знае вистината. Народот постави прашања на кои очекува одговори. Никој освен македонскиот народ нема право да одлучува во негово име, ниту за неговата иднина, сегашност и уште помалку за неговото величенствено минато. Никој не смее македонскиот народ при жив македонски јазик да го остава нем и со продаден јазик, затоа што јазикот е последниот храм на македонството. И никој нема право да го распродава македонскиот идентитет. Доста е за неправдите, доста е за лагите и манипулациите, доста е за понижувањата и распродажбите, доста е со предавствата! Народот мора да добие одговор! Наместо конспиративните преговори и мрачни заговори на власта, за сите прашања за македонцките работи единственото место за решавање е Собранието каде што владата на СДСМ мора да даде одговори! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан