Димитриевски: Не сме суштински подготвени да се справиме со пожарите, неопходни се системски решенија
- Факт е дека во одреден момент не сме подготвени како држава суштински да се справиме со овие проблеми и затоа ни гори државата. Верувам дека оваа Влада ќе собере сила и ќе набави дополнителна опрема, зашто сигурноста и безбедноста на граѓаните треба да биде приоритет. Веќе разговарав со премиерот на оваа тема и верувам дека во следниот период ќе излезат со решенија, рече вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во врска со пожарите во земјава.
Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Факт е дека во одреден момент не сме подготвени како држава суштински да се справиме со овие проблеми и затоа ни гори државата. Верувам дека оваа Влада ќе собере сила и ќе набави дополнителна опрема, зашто сигурноста и безбедноста на граѓаните треба да биде приоритет. Веќе разговарав со премиерот на оваа тема и верувам дека во следниот период ќе излезат со решенија, рече вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во врска со пожарите во земјава.
Како што истакна Димитриевски во дневникот на ТВ Сител, „срамота е веќе да се бара помош со хеликопетри и друг тип возила од страна, а да не издвоиме сопствени средства за ваква намена“.
Тој изрази сочувство до семејството на жртвата од пожарот и рече дека дошло до гушење на лицето кое се обидувалео да ја спаси земјоделската механизација.
Вчера, рече Димитриевски, во Куманово имало имало 11 пожари кои биле покриени со 45 пожарникари, а денеска имало седум пожари и сите биле „решени“.
-Според стандардите, треба да имаме околу 100 луѓе, но, за жал, немаме доволно средства. Да не беа денеска тие три „ер тратктори“ и дополнително еден хеликоптер, тешко дека ќе локализиравме пожар на 300 хектари површина. Потребни се системски решенија, системски промени, напомена градоначалникот и лидер на ЗНАМ.
Реакцијата што СДСМ ја објави попладнево, дека Владата е неспособна да се справи со пожарите, Димитриевски ја оцени како „чиста политика“.
-Суштината е на терен, треба да се доживее тоа што го доживуваат граѓаните. Тие не се криви за состојбата. Плаќаат давачки, а немаат соодветна заштита. Ние сме тука за да ги исправиме работите, но со овој проблем ќе се соочуваме и во иднина зашто климата глобално се менува. Би ги прашал само јавно СДСМ, зошто испотрошија купишта пари до сега, над 70 отсто од Буџетот реални пари, а не собраа сили да пренамент дел од тие пари и да ги поторшат за набавка на опрема, рече Димитриевски и дополни дека кога стапил на функцијата градоначнлинк имало само 25 пожарникари, а сега се 45. мч/дма/
фото: принт скрин