• петок, 05 декември 2025

Димитриевски на средба со Меџити: Од ВРЕДИ добив поддршка за вториот круг во Куманово

Димитриевски на средба со Меџити: Од ВРЕДИ добив поддршка за вториот круг во Куманово

Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Актуелниот градоначалник на Куманово и кандидадт за нов градоначалнички мандат Макисм Димитриевски од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, преку својот профил на Фејсбук соопшти дека се сретнал со претставници на Коалиција ВРЕДИ од кои, како што вели, добил поддршка за вториот круг од локалните избори.

- Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово, напиша Димитриевски.

Се заблагодари на сите кои, како што посочува, ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија.

-Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши Кумановчани, напиша Димитриевски. фф/

Фото: Фејсбук на Максим Димитриевски

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан