• недела, 22 декември 2024

Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Димитриевски:  ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија која ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп што им се случува, ниту, пак, ќе се вклучи во каков било тип на соработка и идна соработка за формирање на какво било мнозинство со нив, порача вечерва лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

-ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција, во која ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер, а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа политичка партија се изгради во континуитет на корупција и потребна и е сериозна реформа, за да може да расчисти со минатото и сето она лошо што го направи во оваа држава, рече Димитриевски во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека ќе разговараат со сите потенцијални сили во делот што значи просперитет, евроинтегративен процес.

-Тоа значи реципроцитет, воведување на амандманите во сила од моментот на полноправно членство на Македонија во Европската Унија и дополнително, по примерот на Србија и Црна Гора, измена на преговарачката рамка, раздвојување на она што значи историска комисија од самата рамка и сите оние работи што ние ги зборувавме  и претставивме пред граѓаните, посочи Димитриевски.

Не ја отфрли можноста да учествува во коалиција со албанската опозиција.

-Јас веќе во Куманово функционирам со една коалиција од албанскиот блок, тоа се веќе четирите партии, коалицијата ВРЕДИ. Имам добро искуство, рече Димитриевски.

Во однос  на барањата за промена на процентите со јазик, изборот на претседател во Собрание, Димитриевски потенцира дека тоа апсолутно отпаѓа и нема да се дискутира воопшто од нивна страна за тоа.

-Доколку се отвори јавна дебата, ќе ја ислушаме, но нашиот став е дефинитивно јасен. Доколку бидеме одбиени од сите политички субјекти кои доаѓаат од моноетничките партии, ставот го имам кажано, да се формира влада со политички партии кои имаат мнозинство, а ќе има отворени места за претставници од албанскиот политички блок, посочи Димитриевски. вј/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан