• петок, 22 ноември 2024

„Дизни” и Скарлет Јохансон постигнаа спогодба на суд

„Дизни” и Скарлет Јохансон постигнаа спогодба на суд
Лос Анџелес, 1 октомври 2021 (МИА) - Компанијата „Волт Дизни“ и Скарлет Јохансон се спогодија околу судскиот спор околу дистрибуцијата на филмот на „Марвел“ - „Црната вдовица“. Јохансон ја тужеше компанијата, обвинувајќи дека го прекршиле договорот со објавувањето на платформата „Дизни плус“, додека филмот се емитуваше и во кината. Глумицата сметаше дека оваа одлука ја лишува од можна заработка. Подробности од договорот засега не се откриваат. - Многу сум задоволен што успеавме да постигнеме заеднички договор со Скарлет Јохансон за спорот околу „Црната вдовица“. Го цениме нејзиниот придонес во кино-универзумот „Марвел“ и со нетрпение очекуваме да работиме заедно на уште многу претстојни проекти, вклучувајќи ја и „Кулата на теророт“ (Tower of Terror), рече Алан Бергман, претставник на студиото „Дизни“. Скарлет исто така, е задоволна што успешно ги реши своите разлики со продукцискиот гигант и се радува на натамошната соработка. - Многу сум горда на работата што ја правевме заедно во текот на годиниве и многу сум среќна со мојот креативен однос со тимот на компанијата, вели таа во своето соопштение.  си/сд/

Остани поврзан