• понеделник, 23 декември 2024

Дизајнирани дресови на Феникс со обележје на Ацтеките

Дизајнирани дресови на Феникс со обележје на Ацтеките
Феникс, 26 август 2021 (МИА) – Раководството на НБА-лигашот Феникс санс објави нов дизајн на дресови. Дизајнерите беа инспирирани од влијанието на цивилизацијата на Ацтеките врз историјата на државата Аризона чиј главен град е токму Феникс. Дресовите ќе бидат црни со виолетови акценти на ацтечки бележја. Во моментов, клубот собира повратни информации пред да одлучи за производство на овие модели на дресови. зс/

Остани поврзан