• сабота, 06 декември 2025

Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“

Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“

Скопје, 3 август 2025 (МИА) - Дирекцијата за заштита и спасување информира дека денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар кои со 18 возила беа ангажирани во гаснењето на пожарот на планината Готен. 

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов им се заблагодарил за помошта од име на македонската Влада и македонските граѓани и им доделил благодарници.

Информираат дека утре ќе замине и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ со седумчлениот екипаж. фф/бак/

Фото: ДЗС

Остани поврзан