• сабота, 16 ноември 2024

ДЗСИ по вонредениот инспекциски надзор во болницата во Битола: Не се констатирани недостатоци во рамки на ДЗСИ

ДЗСИ по вонредениот инспекциски надзор во болницата во Битола: Не се констатирани недостатоци во рамки на ДЗСИ

Скопје, 24 март 2023 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој денеска извршил вонреден инспекциски надзор во битолската Клиничка болница по смртта на шестгодишното девојче, не констатирал недостатоци во рамки на нивните надлежности.

- Не се констатирани недостатоци во рамките на надлежноста на ДСЗИ, се вели во соопштението од ДЗСИ објавено на нивната веб страница.

Извештајот на ДЗСИ го објавуваме во целост: 

- Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола – одделение за педијатрија во врска со лекувањето и третманот на починатиот пациент Јана Христовска од с. Кравари-Битола, и согласно надлежностите изврши увид во медицинската евиденција и документација која се води на одделението во рачна и електронска форма и обезбеди изјави на дел од здравствените работници кои учествувале во лекувањето и третманот на лицето, при што ја констатира следната фактичка состојба:

Детето било донесено за преглед на одделението на 22.03.2023г. околу 10:00 ч. без претходен упат од матичен доктор. Била примена на преглед специјалист педијатар, кој искреирал „итен упат“ со упатна дијагноза E86 – дехидратација во 10:07ч. Добиен е анамнестички податок за покачена температура од пред три дена и болки во грло, заради кое мајката и дала сируп Co-almacin.  Ден пред прием е без покачена температура , со повраќање во два наврати, а од вечерта и отоци на очните капаци и болка во нозете по што мајката го прекинала сирупот.

Од клиничкиот преглед во наодот констатиран е присутен оток на очните капаци, хиперемични лаци во тонзилофарингеална регија и обложен јазик. Потоа креиран е упат за биохемиска лабораторија – уринарен, глуциден и ацидобазен статус, земени се примероци од крв и урина за анализа  и потоа ординирана терапија –„Хипоглусал 1„   – 500мл. ( 250 мл.5% Глукоза и 250 мл.0,9% Натриум хлорид) и amp. Bedoxin. По добиените резултати, во 10:45ч земени се и проширени анализи – крвна слика, ензимски статус, деградациони продукти, глуциден и протеински статус, електролити и липиден статус.

По завршување на инфузијата состојбата се влошила. Дошло до појава на малаксаност, бледило, тахикардија и сомнолентност. Докторката која извршила првично преглед побара помош од вториот присутен педијатар. Детето од дневна болница било префрлено во собата за полуинтензивна нега на одделението и поставено е на монитор и кислородна поддршка. Направени се два ЕКГ записи во 12.34 ч и во 12.42 ч. и побаран е конзилијарен преглед од анестезиолог од установата. Во меѓувреме детето прави срцев застој по што е направена е реанимација. Извршена е и консултација со специјалисти – педијатри од ЈЗУ УК за детски болести од оддел за кардиологија и за неврологија  за транспорт во таа здравствена установа. По препорака на специјалистот – анестезиолог во болницата  направени се дополнителни анализи на ензимскиот и ацидобазниот статус (креатин киназа и тропонин) во 13:34ч и во 13.49ч. Поради дополнително влошување на состојбата, во 14:00 ч детето е пренесено во службата за интензивно лекување САРИЛ каде е направена кардио пулмонална реанимација и дадена е терапија, но без успех. Од страна на анестезиологот е констатирана  смрт во 15:20 ч.

 По изјава на двете докторки – специјалисти педијатри по добиените резултати од направените ензимски иследувања за покачени показатели за срцево страдање  (креатин киназа и тропонин ) известена е мајката на детето за сериозноста на состојбата.

Телото на починатото дете е дадено на обдукција.. ев/бак/

ФОТО: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан