• сабота, 04 јануари 2025

Де Јонг сака да ја напушти Барселона

Де Јонг сака да ја напушти Барселона

Барселона, 2 јануари 2024 (МИА) - За прв пат, играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг призна дека е подготвен да го напушти клубот. Тој објасни дека ќе размисли за тоа под одредени околности. Фудбалерот откри дека не е задоволен од неколкуте освоени трофеи со „Блауграна“.

-Луѓето мислат дека сакам да останам во Барселона засекогаш бидејќи животот овде надвор од фудбалот е многу убав. Да, тој е навистина одличен, но тоа не е толку важно како она што се случува на теренот. Ако чувствувам дека повеќе не можам доволно да помогнам, или ако тимот не е конкурентен, ќе си заминам изјави Де Јонг во интервју за холандското издание „Voetbal International“.

Барса го зеде од Ајакс во 2019 година за 86 милиони. евра, а неговиот договор е до летото 2026 година.

-Морам да признаам дека кога потпишав не замислував дека за тоа време ќе освојам само една Ла Лига, Куп на Шпанија и шпански Суперкуп. Очекував најмалку двојно повеќе пехари, поради што сум разочаран. Но, овие работи неможат да се предвидат, призна Де Јонг.

Во 2024 година пропушти многу натпревари поради повреди, што го спречува да игра почесто.

-Тоа беше најтешкиот период во мојот живот. За некој кој толку многу го сака фудбалот, сите тие месеци се чувствуваа како цела вечност. Прашањето за мојот можен нов договор со Барселона не е нешто што ме засега. Јас само сакам да играм фудбал. Потоа ќе видиме што сака клубот од мене, а потоа заедно со мојот агент и моето семејство ќе одлучам што сакам понатаму, заклучи Де Јонг. дс

Фото: Архива

Остани поврзан