Де Роси повеќе не е тренер на Рома
- Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на клубот.
Рим, 18 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на клубот.
-Одлуката е донесена во интерес на тимот да може брзо да продолжи по посакуваниот пат, во време кога сезоната допрва започнува. Срдечна благодарност до Даниеле за работата што ја направи во последните месеци со страст и посветеност, се вели во соопштението на клубот.
Де Роси ја презеде екипата на Рома на 16 јануари 2024 година.
Сезонава римјаните освоија само три бода во четири кола во Серија А и се на 16. место во поредокот. зс/
Фото: ЕПА