• недела, 24 ноември 2024

Де Роси останува на клупата на Рома и покрај слабиот старт на сезоната

Де Роси останува на клупата на Рома и покрај слабиот старт на сезоната


Рим, 17 септември 2024 (МИА) – Раководството на Рома му изгласа доверба на тренерот Даниеле Де Роси и покрај лошиот старт на сезоната, пишува денеска весникот „Ил Месаџеро“.
Римскиот клуб сè уште е без победа од почетокот на сезоната во Серија А и се наоѓа во долната половина на табелата.
Сопствениците на клубот Ден и Рајан Фридкин пристигнаа во Рим за да ја увидат ситуацијата во клубот, но нивната посета наводно била однапред договорена и не била поврзана со слабите резултати на тимот.
Посетата на Фридкин е повеќе во врска со проектот за новиот стадион на Рома, пишуваат италијанските медиуми.
Според информациите, браќата Фридкин имаат целосна доверба во Де Роси и веруваат дека тренерот ќе ја изведе Рома од резултатската криза. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан