• петок, 22 ноември 2024

Де ла Фуенте стана еден од тројцата најстари тренери кои освоија евро

Де ла Фуенте стана еден од тројцата најстари тренери кои освоија евро

Берлин, 15 јули 2024 (МИА) - Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте стана еден од најстарите тренери кои освоиле трофеј на Европското првенство.

Репрезентацијата на Шпанија синоќа ја победи Англија (2:1) во финалето на Евро 2024 година. Де ла Фуенте го освои Европското првенство со 63 години и 23 дена.

Само неговиот сонародник Луис Арагонес (Шпанија, ЕП 2008), кој го освои трофејот со 69 години и 337 дена, и Германецот Ото Рехагел (Грција, Еуро 2004, 65 години и 330 дена) беа постари од шпанскиот селектор.

Де ла Фуенте ја предводи репрезентацијата од јануари 2023 година. Пред тоа беше тренер на Алавес, Атлетик и шпанските младински тимови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан