• среда, 04 февруари 2026

Де Зерби пред отказ на клупата на Марсеј

Де Зерби пред отказ на клупата на Марсеј


Марсеј, 30 јануари 2026 (МИА) – Италијанскиот стратег Роберто Де Зерби би можел да добие отказ на клупата на Марсеј, откако францускиот клуб не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампиони (ЛШ), јавија денеска британските медиуми.
Марсеј ја заврши групната фаза во ЛШ на 25 место, а во француското првенство е третопласиран, седум бода зад лидерот ПСЖ.
Де Зерби пристигна на кормилото на клубот од Велодром во летото 2024 година и го водеше Марсеј до второто место во француското првенство минатата сезона.
Британските медиуми наведуваат дека Де Зерби е меѓу кандидатите за тренерското место во Манчестер Јунајтед. ег
ФОТО: ЕПА

 

Остани поврзан