• понеделник, 23 декември 2024

Де Блазио: Њујорчаните мора да се вратат на работа

Де Блазио: Њујорчаните мора да се вратат на работа
Њујорк, 26 април 2020 (МИА) – Жителите на Њујорк мора да се вратат на работа, што е една од непосредните цели во рамките на напорите градот што побргу да закрепне од епидемијата на коронавирусот, изјави денеска градоначалникот Бил де Блазио. Според Си-Ен-Ен, кабинетот на Де Блазио ќе формира специјален експертски тим за таа цел, кој до 1 јуни ќе изработи прелиминарен план за закрепнување на градот, кој е најтешко погоден од епидемијата на коронавирусот. - Ќе изградиме нешто ново и подобро, додаде Де Блазио истакнувајќи дека резултатите од тие напори ќе бидат праведни и еднакво распределени. јт/

Остани поврзан