• понеделник, 01 јули 2024

„Дејли мејл“: Гвардиола ќе го напушти Манчестер сити во 2025 година

„Дејли мејл“: Гвардиола ќе го напушти Манчестер сити во 2025 година

Лондон, 27 мај 2024 (МИА) - Пеп Гвардиола не планира да остане во Манчестер сити за сезоната 2025/26.

Според „Дејли мејл“ следната година ќе биде последна за главниот тренер во тимот, иако раководството би сакало да го задржи Шпанецот и е подготвено да склучи долгорочен договор со него.

Забележано е дека „Граѓаните“ ќе бараат наследник на Гвардиола. Меѓу опциите е и Мичел Санчез од Жирона, тим исто така во сопственост на „Сити Фудбал Груп“.

Гвардиола е на чело на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство се освоени шест титули шампион на Англија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан