• петок, 22 ноември 2024

Дејан Недев одликуван од градоначалникот на Неа Пропонтида за промоција и развој на карате спортот во грчката општина

Дејан Недев одликуван од градоначалникот на Неа Пропонтида за промоција и развој на карате спортот во грчката општина

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - За време на свеченото отварање на ИТКФ меѓународниот куп „Хидетака Нишијама“ изминатиот викенд во Неа Мудања, Грција, на Дејан Недев му беше доделено признание од градоначалникот на Неа Пропонтида, Манолис Карас за промоција и развој на карате спортот во грчката општина.

 

Карас свечено го отвори Купот во традиционално карате. Него исто така му беше доделено признание од Светската федерација за традиционално карате (ИТКФ) за поддршката во организација на ова натпреварување.

 

Недев и градоначалникот Карас се согласија во иднина овој натпревар да прерасне во традиција и секоја година да се одржува на исто место во исто време.

 

МТКФ заедно со ИТКФ веќе 10 години по ред организираат летни карате семинари и натпревари во оваа грчка општина. зс/

Остани поврзан