• недела, 22 декември 2024

Дефиле на трубадури и вејачи на знамиња во чест на денот на Италијанската Република

Дефиле на трубадури и вејачи на знамиња во чест на денот на Италијанската Република
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Во чест на денот на Италијанската Република - 2 јуни, Амбасадата на Италија, на плоштадот „Македонија“ организира дефиле и настап на трубадури и вејачи на знамиња од Кастиљон Фиорентино.

Дефилето ќе почне во 18 часот од семафорите на улица „Македонија“, во близина на Рекорд, до плоштадот „Македонија“, каде групата ќе го изведе својот настап пред јавноста. Потоа ќе продолжи кон Старата скопска чаршија. Групата повторно ќе настапи во вечерните часови, со почеток во 22 часот, од Камениот мост се до плоштадот „Македонија“, каде што поворката на вејачи на знамиња ќе ја има завршната изведба.

Историското друштво од Кастиљон Фиорентино заедно со нивните вејачи на знамиња, ја негува и претставува средновековната традиција која датира уште од 13 век, кога секаде низ Европа, а особено во Италија, важните настани, како завршеток на некоја битка или војна, биле прославувани со парада на војниците кои вееле знамиња.  

Настапот започнува со дефиле на разнобојни знамиња кои парадираат високо во круг, а секое од нив го носи грбот на градот. Вежбите и акробациите може да се изведуваат индивидуално, и тогаш доаѓаат до израз вештината и хармонијата на движења на вејачот, или групно, истакнувајќи го на тој начин духот на целиот тим. свс/сп/

Остани поврзан