• вторник, 13 јануари 2026

Дефанзивецот на Манчестер сити, Дијас, ќе отсуствува околу шест недели поради повреда

Дефанзивецот на Манчестер сити, Дијас, ќе отсуствува околу шест недели поради повреда

Манчестер, 6 јануари 2026 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Манчестер сити, Рубен Дијас, претрпе повреда на тетивата.

Тренерот на „Граѓаните“, Хозеп Гвардиола, на прес-конференција објави дека Португалецот ќе отсуствува од четири до шест недели.

Претходно беше објавено дека дефанзивецот на Сити, Јошко Гвардиол, ќе биде надвор од терените подолг период исто така поради повреда. Двајцата се повредија во неделата во ремито 1:1 со Челзи во 20. коло од Премиер лигата.

Дваесет и осумгодишниот Дијас има одиграно 25 натпревари во сезоната 2025/26, постигна два гола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан