• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Детонирана експлозивна направа на банкомат во Бутел, нема повредени

Детонирана експлозивна направа на банкомат во Бутел, нема повредени

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Експлозивна направа поставена на банкомат во Бутел утрово е детонирана при што оштетени се три возила.

Од МВР за МИА информираат дека  утрово во 3:38 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.

-Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата. бк/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан