• петок, 22 ноември 2024

Десет европски земји ја активираа одбранбената клаузула во Балтичкото Море

Десет европски земји ја активираа одбранбената клаузула во Балтичкото Море

Лондон, 29 ноември 2023 (МИА) – По неколку инциденти во северните води, 10-те северноевропски земји кои ги сочинуваат Здружените експедициски сили (ЈЕФ) фокусирани на оперативната одбрана во Северна Европа, одлучија да ја активираат одбранбената клаузула која овозможува распоредување на дополнителни воени средства за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море.

Повеќе поморски и воздушни капацитети ќе бидат распоредени во Балтичкото Море за да помогнат во заштитата на клучната подводна инфраструктура, се вели во заедничката изјава на 10 министри за одбрана, објавена на веб-страницата на Министерството за одбрана на Велика Британија.

- Ова е првпат ЈЕФ да ја активира одбранбената клаузула, се наведува во соопштението и се додава дека овие активности ќе почнат на почетокот на декември.

Во текот на 2023 година, ЈЕФ разви серија опции за одговор дизајнирани да го одвратат и одбранат регионот од закани и да овозможат брз одговор на кризи.

- Ова е моќна порака за нашата способност и посветеност за зајакнување на безбедноста на критичната подморска инфраструктура и за одвраќање на хибридните закани. Соработувајќи преку ЈЕФ, можеме да најдеме заеднички решенија за регионалните безбедносни предизвици, во согласност со визијата на ЈЕФ објавена на Самитот на лидерите на ЈЕФ во Шведска на 13 октомври, се заклучува во соопштението. јт/

Фото: Гугл мапи

 

Остани поврзан