• понеделник, 23 декември 2024

Десетти протест „Србија против насилството“ во Белград, блокади и во други градови во Србија

Десетти протест „Србија против насилството“ во Белград, блокади и во други градови во Србија

Белград, 8 јули 2023 (МИА) – Десеттиот протест Србија против насилството, освен во Белград, денеска се одржа и во други градови во Србија со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на собраќајот по централните улици Таковска и Цвијиќева, дојдоа до Полициската управа на булеварот „Деспот Стефан“, со изразување подршка на сите „чесни полицајци“. За вечерва се најавени протести и во Нови Пазар, Краљево и Крагуевац.

Вчера протести против насилството се одржаа во повеќе градови во Србија, во Нови Сад, Ниш, Јагодина, Зрењанин, Горњи Милановац, Шабац, Зајечар, Врање, Чачак, Пирот, со што од 1 јули од Белград, протестите се проширија низ цела Србија, каде покрај главото барање, во другите градови беа упатувани и барања за локални проблеми.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги подржува и учествува на нив.

Деновиве опозицијата во повеќе наврати постави и политички барања, како што се одржување на изборите за град Белград. об/рп/

Остани поврзан