• петок, 22 ноември 2024

ДеСантис ја смени менаџерката на својата претседателска кампања  

ДеСантис ја смени менаџерката на својата претседателска кампања  

Њујорк, 8 август 2023 (МИА) - Републиканскиот претседателски кандидат и гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, одлучи да ја отпушти својата менаџерка на кампањата Џенера Пек, во обид да ја заживее својата кампања која во последно време стагнира.

На местото на Пек, која лани ја водеше кампањата за реизбор на Де Сантис на позицијата гувернер на Флорида, тој сега го носи Џејмс Утмајер. 

Американските медиуми наведуваат дека Утмајер е негов актуелен шеф на кабинет, додека Пек ќе ја зазема позицијата стратег на кампањата.

Промените доаѓаат откако Де Сантис спроведе две големи кратења на персоналот во изминатите неколку недели и кон крајот на јули отпушти околу една третина од својот персонал бидејќи кампањата се соочи со финансиски проблеми.

-Џејмс Утмаер со години наназад е еден од најдобрите советници на гувернерот Де Сантис и е потребен онаму каде што е најважно - да работи рака под рака со Џенер Пек и остатокот од тимот за да го стави гувернерот во најдобра можна позиција за да го порази Џо Бајден и да победи, изјави портпаролот на кампањата Ендрју Ромео.

Порталот Политико во октомври доби СМС пораки кои укажуваат дека Утмајер бил вклучен во програмата на државата Флорида за организиран воздушен транспорт на бегалци од Тексас до Мартас Вињард, остров на североистокот на САД, што припаѓа на сојузната држава Масачусетс.

Ен-би-си Њуз во јуни, пак, објави дека Утмајер, иако останал во кабинетот на Де Сантис, истотака, работел и како комесар за собирање средства за претседателската кампања на гувернерот.

Ваквиот аранжман се смета за невообичаен, а владините контролни групи предупредија дека најновото негово ангажирање покренува и многу етички прашања. сд/

Остани поврзан