• петок, 22 ноември 2024

Деркоски: Постапувам согласно законите и сигурен сум во она што го сработивме

Деркоски: Постапувам согласно законите и сигурен сум во она што го сработивме
Скопје, 17 јули 2020 (МИА) - Сметам дека работам и постапувам согласно со законите во оваа држава и сигурен сум во она што сум го сработил во она што работев два дена и две ноќи и сигурен сум во тоа што сме сработиле, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. Тој во гостување на ТВ Алфа, најави дека не отстапува од ставот што вчера го соопштиле како Комисија за конечните неофицијални резултати и оти по поднесените приговори ќе одлучува ДИК. По приговорите, како што појасни, ќе почекаат да помине и рокот во текот на утрешниот ден и дека ДИК ќе одлучува  по нив во недела или понеделник на јавна седница. Потенцира дека постапката на ДИК била и како години наназад, односно изборниот материјал од страна на избирачките одбори се предава во текот на ноќта по изборите и во текот на наредниот ден. -Тоа се случи и вчера. Се прибираат записниците за утврдување на резултатот на самото избирачко место, тоа е записникот 16 и записникот 21 од општинската избона комисија кои ги собира сите избирачки места, потоа се врши проверка од службите, но и од секој член на комисијата, рече Деркоски и додаде дека  записникот број 16 на избирачкото место го добива член  на избирачкиот одбор претставник на политичка партија, односно дека сите бројат, сите утврдуваат на крајот сите потпишуваат и примерок добиваат сите членови во ИО и претставници на политички партии. Во однос на проблемот со објавување на резултатите појасни дека во текот на денот се се одвивало прилично добро и тоа во услови на засилени мерки за заштита и ограничувачки фактори што произлегуваат од тие мерки. Додаде дека во текот на денот апликативното решение што го имале за резултати, односно за излезноста функционирало беспрекорно, а проблемот, односно хакерскиот напад се случил кога апликацијата почнала да ги објавува резултатите како што стигнуваат од избирачките места, во момент кога паднал и сајтот на ДИК.скс/вј/

Остани поврзан