• понеделник, 14 октомври 2024

Дербито Алкалоид – Вардар 1961 го затвора премиерното коло

Дербито Алкалоид – Вардар 1961 го затвора премиерното коло


Скопје, 8 септември 2024 (МИА) – Воведното коло од новата сезона во македонската ракометна Суперлига ќе биде комплетирано денеска со дерби натпреварот меѓу Алкалоид и Вардар 1961.
Пет натпревари од премиерното коло се одиграа вчера, а Еурофарм Пелистер со гостинска победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи го Тиквеш со 31-27.
Гостински победи забележаа и Охрид против Радовиш (36-18) и новиот прволигаш Бисинов, кој минимално триумфираше над Струга (31-30).
Бутел на домашен терен беше убедлив против Куманово (29-12), а без победник заврши дуелот меѓу Прилеп и Тинекс Пролет. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан