Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани
- Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 24 мај - Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 24 мај - Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот. дма/сст/
Фото: МИА архива