Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј одбележан од македонската заедница во Пула
- Во пресрет на 24. Мај, денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска присуствуваше на традиционалниот пролетен Концерт под наслов ЗАВЕТНА на мeшовитата пејачка група и музичкиот ансамбл „Деспина“ во Пула.
Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Во пресрет на 24. Мај, денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска присуствуваше на традиционалниот пролетен Концерт под наслов ЗАВЕТНА на мeшовитата пејачка група и музичкиот ансамбл „Деспина“ во Пула.

Пред почетокот на Концертот на многубројната публика во преполната сала во Домот на хрватските бранители во градот Пула, се обратија претседателот на Македонскиот културен форум, Алдо Климан, началничката на одделот за национални малцинства при Истарската жупанија, Теа Бател и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Ѓоргоска Илиевска.
Од своите почетоци до денес „Деспина“ има реализирано голем број успешни целовечерни концерти, што ги одржува традиционално спроти 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, со цел на широката културна јавност да и’ се претстават најрепрезентативните, антологиски остварувања на македонската традиционална музика и македонското културно наследство.

Концертот беше во организација на Македонскиот културен форум од Пула, а со поддршка на Истарската жупанија, Градот Пула и Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска, соопштија од македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. вг/
Фото: Македонски Културно-информативен центар во Загреб