Денот на независноста, 8 Септември, неработен ден за сите граѓани
- Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците на РМ, 8 Септември 2023 година (петок), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците на РМ, 8 Септември 2023 година (петок), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на независноста. мч/цр
фото: МИА архива