• среда, 26 јуни 2024

Денеска и утре нестабилно со пороен дожд

Денеска и утре нестабилно со пороен дожд

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Од УХМР најавуваат дека пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.

За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд.

Во Скопје денеска попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме. Во делови од котлината нестабилно ќе биде и утре.

Од УХМР препорачуваат за поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, како и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. сст/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан