• понеделник, 23 декември 2024

Дендиас и Захариева разговарале за ЕУ-перспективата на Западен Балкан

Дендиас и Захариева разговарале за ЕУ-перспективата на Западен Балкан
Атина, 3 декември 2020 (МИА) – Европската перспектива на земјите од Западен Балкан била една од темите за кои разговарале шефовите на грчката и бугарската дипломатија, Никос Дендиас и Екатерина Захариева, во нивниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина. Во пресрет на Самитот на ЕУ следната седмица, министерот за надворешни работи на Грција изминативе денови е во континуирани контакти со неговите европски колеги, а телефонските разговори, од грчкото МНР, но и самиот Дендиас, ги соопштуваат преку „Твитер“. - Телефонски разговарав со заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во пресрет на Самитот за надворешни работи на ЕУ и Европскиот совет. Детална дискусија за последните случувања во Источниот Медитеран и поширокиот регион. Во фокусот исто така и ЕУ-перспективата на Западен Балкан, напиша Дендиас на „Твитер“. ср/са/

Остани поврзан