• вторник, 26 ноември 2024

Дендиас: Грција има стабилизирачка улога во Источниот Медитеран и на Балканот

Дендиас: Грција има стабилизирачка улога во Источниот Медитеран и на Балканот
Атина, 31 март 2021 (МИА) – Консолидација на мирот е наша примарна цел и на Западен Балкан, каде што Грција долго време се залага за евро-атлантска интеграција, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас за време на дигиталната конференција на Еврејскиот Институт за национална безбедност на Америка (JINSA), истакнувајќи дека Грција има стабилизирачка улога во Источниот Медитеран и на Балканот, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката надворешна политика, истакна дека главните цели се промовирање мир, стабилност, просперитет и партнерства и додаде дека земјата е посветена на решавање на сите отворени прашање врз основа на меѓународното и морското право. Дендиас се осврна и на односите со САД, за кои рече дека се на највисоко ново досега, споменувајќи го Договорот за меѓусебна одбранбена соработка, за кој вели дека е „стратешки договор, бидејќи се однесува на унапредување на безбедноста и стабилноста во Источен Медитеран и на Балканот со зајакнување на американскиот отпечаток таму“. ср/

Остани поврзан