• понеделник, 23 декември 2024

Денга треска доведува до имунитет против коронавирусот

Денга треска доведува до имунитет против коронавирусот
Дарам, 21 септември 2020(МИА) - Луѓето кои имале денга треска најверојатно развиле одреден имунитет на Ковид-19, наведува во проф. Мигел Николелис од Универзитетот „Дјук“ во САД. Американскиот научник во своето истражување открил дека во регионите каде што во последните години е регистрирана голема појава на денга треска, ширењето на коронавирусот е побавно. - Ова неверојатно откритие дава интересна можност за имунолошка вкрстена реакција помеѓу серотиповите на флеговирус на денга и САРС-КоВ-2, рече Николелис. Според него, доколку се потврди оваа хипотеза, луѓето ќе можат да добијат одреден имунитет на Ковид-19 по вакцинацијата против денга. паг/

Остани поврзан