• четврток, 18 јули 2024

Денвер нема да го ангажира Кармело Ентони

Денвер нема да го ангажира Кармело Ентони
Денвер, 15 август 2022 (МИА) - Новинарот Мајк Сингер, ги отфрли гласините дека Кармело Ентони би можел да се врати во Денвер нагетс. Претходно во лигата имаше гласини дека Нагетс може да размислат за враќање на Ентони во тимот. Но, фактот што Денвер веќе има целосен список со 15 играчи го прави тој потпис невозможен. Ентони играше за Денвер од 2003 до 2011 година и беше лидер на тимот. Последната сезона во НБА-лигата ја помина во Лос Анџелес лејкерс, со просек од 13,3 поени, 4,2 скока и 1,0 асистенции по натпревар. Во моментов 38-годишниот кошаркар има статус на слободен играч. зс/

Остани поврзан