• понеделник, 23 декември 2024

Демонстрации низ САД против убиството на Сулејмани и испраќаањето војници на Блискиот исток

Демонстрации низ САД против убиството на Сулејмани и испраќаањето војници на Блискиот исток
Чикаго, 4 јануари 2020 (МИА) - Повеќе од 70 демонстрации се планирани во текот на денов во САД, во знак на протест против убиството иранскиот генерал Касим Сулејмани по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп и одлуката за испраќање на околу 3.000 војници на Блискиот исток. Протестите се предводени од Act Now to Stop War and End Racism, антивоена коалиција со седиште во САД, во соработка со повеќе од десетици организации, објавија американски медиуми. Коалицијата бара САД да ги повлечат сите трупи од Ирак и да стават крај на, како што велат, војна против Иран, според портпаролот Валтер Смоларек. Демонстрации се очекуваат пред Белата куќа, на Тајмс Сквер во Њујорк и во многу други градови. зш/

Остани поврзан