• четврток, 19 декември 2024

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Скопје, 25 септември 2024

Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители во вооружениот конфликт во 2001 година.
Предлог-законот, кој е во собраниска постапка, треба да го поддржат сите партии. Неприфатливо е истиот да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, првенствено од страна на ДУИ и СДСМ.

Инаку, Македонија за водството и припадниците на паравоената формација ОНА (УЧК),направи голем број на отстапки, меѓу кои нивна амнестија преку донесување на закон и  вработување на голем дел од припадниците на ОНА, амнестија за водството на ОНА преку автентично толкување на Законот за амнестија од страна на Собранието на Македонија, трансформација на ОНА во политичка партија, а водачите на ОНА станаа лидери на новата партија ДУИ која 20 години беше на власт итн.

Затоа, најостро ги осудуваме најавите на ДУИ, дека ако се усвои законот за обесштетување на тие што го бранеле суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, ќе се дестабилизира Македонија.

 

Демократски сојуз

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: ДС

Остани поврзан