• четврток, 19 декември 2024

„Демократска Бугарија“ одби да учествува во контакт групата за зближување на бугарските партии

„Демократска Бугарија“ одби да учествува во контакт групата за зближување на бугарските партии
Софија, 22 октомври 2022 (МИА) – Демократска Бугарија одби да учествува во разговорите со Контакт групата, соопшти поранешниот претседател на државата Росен Плевнелиев по првата средба со ГЕРБ-СДС. Како што јави дописникот на МИА од Софија, партиите кои одбиваат да учествуваат во преговорите стануваат три – „Продолжуваме со промените“, „БСП за Бугарија“ и „Демократска Бугарија“. И покрај откажувањата, Плевнелиев истакна дека контакт групата е во континуирана комуникација со трите партии и изрази надеж дека тие сепак ќе седнат на преговарачка маса. „Демократска Бугарија“ ќе предложи 48-то Национално собрание на Бугарија да гласа за воена помош за Украина, најави Атанас Атанасов, кој е нејзин копретседавач. Според него, ова ќе биде тест дали ќе има евроатлантско мнозинство во бугарскиот парламент и каква влада ќе има во Бугарија. Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека треба да има Контакт група со помош на претседателот на Бугарија Румен Радев и преодната влада за усвојување на буџетот за следната година. Според него, парламентарните избори поминале, но голема е веројатноста да се одржат нови. нк/

Остани поврзан