• петок, 22 ноември 2024

Демократот Рафаел Варнок прогласи победа на изборите за Сенатот

Демократот Рафаел Варнок прогласи победа на изборите за Сенатот
Вашингтон, 6 јануари 2021 (МИА) - Демократот Рафаел Варнок прогласи победа во трката со својата републиканска противкандидатка Кели Лефлер за едно од двете места во Сенатот на изборите во сојузната држава Џорџија, јавија телевизиите Си-Ен-Ен, Си-Би-Ес и Ен-Би-Си. Како што пренесуваат странските медиуми, Варнок стана првиот афро-американски сенатор избран во Џорџија и оваа победа им дава шанса на демократите да ја преземат контролата врз Сенатот на почетокот на мандатот на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Демократите мора да ги освојат двете места во изборната трка во Сенатот за да имаат мнозинство. Сепак, сè уште е рано да се прогласи победник во трката меѓу демократот Џон Ософ и републиканецот Дејвид Пердју. Во изборната трка за две места во Сенатот, која ќе одлучи кој ќе го контролира тоа тело, учествуваа по двјца демократи и републиканци: Ворнок и Лефлер од една страна, и Ософ и Пердју од друга. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан