• сабота, 18 мај 2024

Демиркапиец лишен од слобода, во домот му биле пронајдени повеќе од 60 куршуми различен калибар

Демиркапиец лишен од слобода, во домот му биле пронајдени повеќе од 60 куршуми различен калибар

Демир Капија, 16 август 2023 (МИА) - Демиркапиец на возраст од 50 години бил лишен од слобода, во домот му биле пронајдени повеќе од 60 куршуми различен калибар, информираа денеска од СВР Велес. 

-Вчера во 16.00 часот во Демир Капија, врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство Кавадарци, полициски службеници од ОВР Неготино, лишиле од слобода педесетгодишен жител на Демир Капија. При извршен претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени повеќе од 60 куршуми различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. свд/дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан