• понеделник, 23 декември 2024

Демерџиев најави барање за предвремено прекинување на мандатот на главниот обвинител на Бугарија

Демерџиев најави барање за предвремено прекинување на мандатот на главниот обвинител на Бугарија
Софија, 5 ноември 2021 (МИА) - Новиот бугарски министер за правда, Иван Демерџиев, најави рече дека ќе поднесе барање за предвремено прекинување на мандатот на главниот обвинител на земјата, Иван Гешев, јави дописникот на МИА од Софија. - Ќе поднесам барање за смена на господинот Гешев. Има многу причини и тие се поврзани со различни предистражни постапки, кои се одвиваат на чуден начин, истакна Демерџиев. Тој додаде дека на Обвинителството му е потребна радикална реформа, од која дел е поврзан и со самиот главен обвинител, чии овластувања треба да се изедначат со овластувањата на претседателите на двата врховни судови во Бугарија. нк/ми/

Остани поврзан