• петок, 05 декември 2025

Дембеле ќе биде домаќин на главната ждрепка на Ролан Гарос

Дембеле ќе биде домаќин на главната ждрепка на Ролан Гарос

Париз, 21 мај 2025 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Усман Дембеле ќе учествува во жрепката за главниот турнир на Грен слемот Ролан Гарос, пренесува „RMC Sport“.

Фудбалерот во церемонијата ќе учествува заедно со претседателот на Француската тениска федерација Жил Моретон и директорката на турнирот Амели Морезмо. 

Извлекувањето ќе се одржи утре со почеток во 14 часот.

„Ролан Гарос“ ќе се одржи од 25 мај до 8 јуни. 

Минатата година Шпанецот Карлос Алкараз победи на турнирот во сингл за мажи, а Ига Швјонтек (Полска) го освои трофејот во женска конкуренција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан