• сабота, 16 ноември 2024

Демант од Шилегов за тврдењата на Апасиев

Демант од Шилегов за тврдењата на Апасиев
Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) - Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов демантира дека неговиот син има деловен простор во новиот мол „Ист гејт“ и вели дека  лидерот на Левица, Димитар Апасиев, пласира лажни вести. - За разлика од противкандидатката, јас веднаш отворено и експлицитно демантирам. Лажните вести нема да ви пројдат на овие избори. Како што веќе покажа, „приврзокот“ дообработува за газдата. Скопјани не се наивни луѓе. Џабе ги потценувате. Мојот син нема сопственост на деловен простор во новоотворениот East gate. Вашата омраза кон сè што живее, нема да ја победи мојата љубов кон Скопје и скопјани, вели во демантот градоначалникот Шилегов. цр/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан