• петок, 22 ноември 2024

Демант од Државниот пазарен инспекторат

Демант од Државниот пазарен инспекторат

Скопје, 29 март 2024 

Почитувани,

Државниот пазарен инспекторат, ги демантира објавите на Фејсбук страната на техничкиот министер на МВР Панче Тошковски (https://www.facebook.com/PancheToshkovski/posts/pfbid0jHyHvTtRvZxph5Pf78fSRjFi9TQjbNgX8ekqmvTVp79PgAju4fLJgo5Hw7J2NwW6l ) и Фејсбук страната на Министерството за внатрешни работи (https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/posts/pfbid02oAWLwAN14R6co6cXqevcTvYu3eMuJdimxQa7XEssrc6thRoxX85V9uQFfZFkVnTSl ), каде се наведува дека инспектори од Државниот пазарен инспекторат ја злоупотребиле својата службена положба и не постапиле во согласност со Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

Во период од 03- 06 месец 2023 година, од страна на МВР - СВР – Скопје од началникот на Единица за економски и компјутерски криминал, во повеќе наврати беше побарано од Државниот пазарен инспекторат спроведување на координирани акции. Имајќи предвид дека во ваков случај, координатор на акциите е МВР – СВР Скопје, Единица за компјутерски и економски криминал, пазарните инспектори не знаат во кои субјекти ќе вршат надзор се до време на започнување на надзорот кај субјектите. По насоки и во присуство на полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, постапи пазарниот инспекторат во менувачници кои беа одредени од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал. При надзорите е констатирано дека дел од субјектите се регистрирани во согласност со Законот за трговски друштва, а дел од нив биле нерегистрирани за што пазарните инспектори изрекле глоби во согласност со важечкиот Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и го известиле Државниот девизен инспекторат за понатамошно постапување како надлежен врз работењето на менувачниците.

Од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат е постапено во согласност со своите законски овластувања, непречекорувајќи ги своите надлежности, со што не извршиле злоупотреба на својата службена положба и овластување.

Изрично укажуваме дека пазарниот инспекторат нема надлежност да одзема парични средства кои се предмет на работење, ниту пак да проверува дали субјектот има лиценца од НБРСМ. Надлежностите за вршење надзор кај резидентити кои вршат менувачко работење има Државниот девизен инспекторат во согласност со Законот за девизна инспекција и Законот за девизно работење, каде е наведено дека девизниот инспекторат има надлежност кај резиденти кои вршат менувачко работење без лиценца од НБРСМ, да врши надзор, да одзема предмети и парични средства, според член 43, 46 и 51 од Законот за девизно работење.

Државниот пазарен инспекторат ги повикува сите надлежни институции вклучувајќи го и обвинителството да постапат согласно нивните надлежности и да го решат овој случај до крај.

Државен пазарен инспекторат

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива

 

Остани поврзан