• недела, 17 ноември 2024

Демант на ТОАРИЛУЦ за состојбата на клиниката

Демант на ТОАРИЛУЦ за состојбата на клиниката
Скопје, 3 септември 2022 Во интерес на правилно информирање на јавноста во однос на случувањата на Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје, сакаме да ги демантираме информациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на состојбата на оваа клиника. - Поплавите кои се случија пред неколку дена не ја поплавија КАРИЛ туку предзивикаа дефект во дел од инсталациите и заради безбедност на пациентите, неколку кревети се исклучени од употреба. За оние кои се помалку упатени, да појасниме дека еден кревет на КАРИЛ е поврзан со инстации( кислород и друи гасови како и електрично напојување за респиратор, монитори, аспиратори, перфузори..) Секоја од овие инстаналции е клучна за функционирање и лекување и токму затоа и при најмал дефект се први комплетна санација. Занчи да појасниме уште еднаш поплава на клиниката немало, туку само делумен дефект во делот на инсталациите подари кој од предострожност е намален бројот на кревети. Дефектот е во фаза на санација. - Исто така, пациентите кои беа на КАРИЛ не се препраќани во други болници, туку се згрижени во склоп на капацитетите на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ. Дадено е соопштение до други болници во наредниот период додека не се санира дефектот и не се овозможи непречено функционирање на сите кревети на КАРИЛ, нови пациентите да се праќаат во клничките болници ГОБ 8 Септември, Штип, Тетово и Битола кои се КЛИНИЧКИ БОЛНИЦИ и поседуват одделенија за интензивна нега оперемени со истата апартаура како КАРИЛ, со вработени анестезиолози со ист степен на образование и искуство како и лекарите од КАРИЛ. Овие болници и во секојдневната пракса примаат и лекуваат болни кои бараат интензивна нега. Значи дека во ниту еден случај не е загрозен било чиј живот. Во соопштението е појаснето дека за секој случај за кој колегите сметаат дека им треба дополнително мислење, да ги контактираат колегите од КАРИЛ - На КАРИЛ како и на сите останати клиники на ТОАРИЛУЦ редовно се земаат микробиолошки брисеви од страна на ИЈЗ . Тоа е нешто што е дел од секојдневната работа и нешто што како протокол секогаш се прави. ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ-Скопје  ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан