• недела, 22 декември 2024

Дел од скопските општини Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром утре без струја

Дел од скопските општини Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром утре без струја

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 5:30 до 7:30 часот утре без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Иван Манолев“ од бр.207 до бр. 225 во Општина Бутел.

Во периодот од 6:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од  улиците „Знеполе“, „Ѓорче Петров“, поточно од крстосницата на улицата „Знеполе“ до крстосницата со ул. „Никола Пучкаров“ од страната на „Сетек“ во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 8:30 до 11:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорги Капчев“ во населбата Лисиче во Општина Аеродром.фф/мд/

Фото. МИА Архива

 

Остани поврзан